11.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Прилепската чаршија ве кани на „Prilep OUTLET Weekend“ на 17ти и 18ти февруари!

Прилепската чаршија се подготува за еден од најголемите шопинг настани  Prilep OUTLET Weekend“, планиран на 17-ти и 18 февруари годинава, во кој што се вклучуваат голем број продавници од прилепската чаршија: бутици за облека и обувки, детски бутици, парфимерии, кафетерии, продавници за бела техника … 

Идејата е Прилеп да претставува голем шопинг центар, шопинг мол на отворено, каде купувачите од сите градови на Македонија ќе уживаат во шопинг попустите до 70% кои ќе ги понудат трговците, во интересните забавни содржини кои ќе се случуваат во старата прилепска чаршија кај Градската саат кула, во центарот на Прилеп на плоштадот„ Методија Андонов –Ченто“ и на плоштадот „Итар Пејо“, а за најсреќните купувачи ќе следат и вредни награди.

Со цел купувачите да знаат каде да пазарат, продавнците кои се дел од настанот ќе бидат обележани со посебна ознака, велат организаторите. „Нашиот амблем е „мајмунче“..Знаменцето со „мајмунче на шопинг“ и постер ќе ги краси нашите продавници и тоа ќе биде препознатлив знак. А, за муштериите ќе има попусти на секој чош“-  велат прилепските трговци.

Настанот Prilep OUTLET Weekend“ е поддржан од Локалната самоуправа на Општина Прилеп. Во  интерес на посетителите и купувачите, градот ќе обезбедува паркинг простор за сите кои ќе пристигнат во Прилеп со своите автомобили, по цена на дневен билет за паркинг од 50 ден.

            Градот и прилепската чаршија предвидуваат и други изненадувања за сите посетители и купувачи кои на 17ти и 18ти ќе го посетат Прилеп на „Prilep OUTLET Weekend“, а сите случувања од настанот  ќе бидат објавувани на специјално креираната ФБ фан страна https://www.facebook.com/profile.php?id=100089628293137

Би можело да ве интересира

ДЕА останува вклучена во борбата против нарко трговијата во Македонија

Гордана Цветаноска

„Најчесто вода нема, а кога ќе дојде е заматена и жолта“, велат жители од Тополчани

Гордана Цветаноска

Сугарески демантира!

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе