11.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Сугарески: Почнува втората фаза од изградбата на експресниот пат Прилеп-Градско

Околу 15 мај ќе почне втората фаза од изградбата на експресниот пат Прилеп-Градско и работите на овој патен правец се интензивираат, изјави министерот за транспорт и врски Горан Сугарски при денешната посета на Прилеп, појаснувајќи до каде се работите на овој патен правец.

– На патниот правец Прилеп-Градско работата е интензивирана. Во јуни лани беа закочени активностите поради одредени решенија, посебно кај Дреновската (фаришката) клисура беа во многу лоша состојба и сега работата е динамизирана. Во делот на патот Дреново-Градско по 15 мај почнува изградбата на таа делница. Оваа фаза треба да заврши до крајот на 2019 година, рече Сугарески.

Овој патен правец со вкупна должина од над 33 километри се гради во три фази од 2016 година и вкупно чини преку 60 милиони евра. Првата фаза која заврши, опфаќа десет километри на потегот од Фариш-Дреново. Чини 31,8 милиони евра, пари од Европската банка.
Втората фаза која сега почнува и ќе трае 24 месеци е во должина од 16 километри на потегот од Градско-Дреново и чини 23 милиони евра од ИПА-фондовите. И третата фаза е со пари од ИПА фондовите во висина од пет милиони евра, во должина од 7,5 километри, а ги опфаќа делниците: Прилеп-мост Ленишка река и третата лента од селото Беловодица до Каменоломот.

Би можело да ве интересира

Против пожарите не помага ни времето – И, денеска температура до 43 степени и активен портокалов аларм

Пела Редакција

Спас за Прилеп им понуди алтернативни решенија на Бехтел и Енка, ќе има ли решение?

Пела Редакција

Редок пример: членовите од Управниот одбор на ЈП „Енерго-Прилеп“ се откажаа од финансискиот надоместок

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе