7.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Прилепската чаршија подготвена за првиот „Прилеп аутлет викенд“!

Уште неколку денови остануваат до „ Прилеп OUTLET Weekend“ кој ќе се одржи на 17ти и 18ти февруари, во организација на Општина Прилеп и прилепската чаршија. Настанот е замислен како голем „шопинг мол“ на отворено во целиот град, а муштериите посетувајќи ги трговските дуќани во Прилеп, ќе уживаат во шопинг забавата, добрата услуга, љубезноста и гостопримството на прилепската чаршија, надалеку позната по својата ексклузивност, квалитет и трговски шарм. Трговците  на своите дуќани ќе имаат налепница со заштитен знак на настанот, а попусти ќе има до 70% на секое ќоше!

Чаршијата под Марковите кули ќе ги отвори вратите за сите купувачи  од 08:00 па се до 19:00 часот. Покрај попустите во трговските дуќани предвидени се интересни содржини и пакет-услуги во кафетериите и  кафулињата за време од дводневното шопинг искуство на 17ти и 18ти  во Прилеп.

 

Би можело да ве интересира

Општина Прилеп ги распределени средствата за спортските клубови и здруженија

Пела Редакција

Изложба на фотографии од Матео де Мајда во Прилеп

Јованоски: Свети Никола се чествува во знакот на еднаквоста и хуманоста

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе