10.7 C
Прилеп
понеделник, 31 март, 2025
Пела Радио

Прв меморијален шаховски турнир “МАТ”, учествуваа над 120 шахисти

Во чест на тројцата прилепски шаховски великани Митре Џајкоски, Александар Тодоровски и Тане Дулев,во организација на Шаховскиот клуб Прилеп и шаховскиот клуб Пелагон денеска во Прилеп се одржа првиот меморијален шаховски турнир “МАТ”. Прилеп отсекогаш бил и е град на шахот, каде преку шаховска игра се укинуваат сите бариери и разлики и континуирано се учат лекции и достоинствени победи, реми и порази.

Турнирот свечено го отвори претседателот на Шаховски клуб „Прилеп“ – Тони Кироски, а свое обраќање имаше Тереза Златеска директорка на СОУ “Орде Чопела” кое е домаќин на турнирот.

Љубовта и успесите во шахот ги споделија истакнати шахисти од нашиот град – примариус д-р Благоја Дамески и Никола Милошески кои веќе долги години се истакнуваат со своите вештини на победливо движење на фигурите на шаховската табла.

На турнирот учество зедоа над 120 учесници на возраст од 7 до 87 години, не само од нашиот град туку од целата држава.

„Се надеваме дека овој шаховски турнир кој воедно е и рејтингуван во ФИДЕ ќе прерасне во традиција и белег на градот Прилеп и во наредните години ќе прерасне во меморијален турнир препознаен во границите надвор од нашата држава,“ посочуваат организаторите.

Придобивките од изучувањето шах се многубројни и долготрајни, а Шаховскиот клуб „Прилеп“ и шаховскиот клуб „Пелагон“  преку турнири го промовираат шахот како алатка за дружење, едукација, забава истовремено промовирајќи го главното мото на шахистите: Сите сме еднакви.

Би можело да ве интересира

Незгодната Полска е последна пречка пред пласман на мундијалот за македонските ракометарки (ФОТО)

Никола Димески

Силјаноска Давкова: горда сум на Прилеп, а наскоро ќе се слават 80 години од АСНОМ, од Ченто

Пела Редакција

Донација од аптеките „Вива фарм 2005“ за ФК Младост 1930

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе