7.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Во прилепската болница операционите сали остануваат затворени

Седми ден се затворени операциските сали во гинеколошкото, хируршкото и ортопедското одделение во прилепската болница. Минатата недела 52-годишна пациентка по интервенција на гинеколошкото одделение и по компликации, по еден ден е препратена на скопските клиники каде починала. Од четвртокот се затворени салите, а во петокот Државниот санитарен и здравствен инспекторат направил вонреден инспекциски надзор по информации од прилепскиот Центар за јавно здравје.

Од Министерството за здравство, а и од Комисијата за интрахоспитални инфекции при болницата потврдија дека во примерок на хемокултура од починатата пациентка е пронајдена бактеријата стафилоколус епидермидис. Пријавена е интрахоспитална инфекција.

– Од земениот примерок за хемокултура во ЈЗУ Центар за јавно здравје-Прилеп е добиен позитивен изолат на Staphylococcus epidermidis. Пријавена е интрахоспитална инфекција. Во ЈЗУ ОБ со проширена дејност „Борка Талески“-Прилеп се затворени операциските сали од 16 февруари. Државниот санитарен и здравствен инспекторат изврши вонреден инспекциски надзор на ден 17.2.2023 по добиена информација од ЦЈЗ-Прилеп. Причините за смртта сè уште не се познати. Се чека извештај од патоанатомскиот наод. Телото е предадено за обдукција на Институт за патологија. Од одделението за епидемиологија на Центар за јавно здравје Прилеп извршен е епидемиолошки увид по појава на случај на пациентка кај која е извршена интервенција на одделот за гинекологија после кој се јавиле симптоми на сепса. Земени се примероци од нежива средина, испироци од раце на вработен здравствен персонал, извршени се вонредни здравствено-хигиенски прегледи, по што е препорачано затворање на операциските сали до добивање на резултатите од земените примероци. Итните хируршки интервенции се вршат во блиските регионални болници, стои во информацијата од Министерството за здравство.

Се огласи и Комисијата за интрахоспитални инфекции при прилепската болница.

– Кај пациентката по протокол се земени три последователни хемокултури од кои во првата хемокултура е најдено присуство на Staphylococcus epidermidis, а останатите две се негативни. По протокол уште пред добивањето на наодот од Микробиологија емпириски е отпочната комбинирана антимикробна терапија која беше соодветна на добиениот антибиограм од првата хемокултура. Наодот им беше соопштен на Клиниките на терцијарно ниво каде пациентката беше трансферирана и на кои беше ординирана и проширена соодветна антимикробна и останата терапија. Се чека обдукцискиот наод од Институтот за патологија, соопшти Комисијата.

Операциските сали во болницата во Прилеп остануваат затворени додека Комисијата за интрахоспитални инфекции не ги заврши сите испитувања. Од прилепскиот Центар за Јавно здравје очекуваат до петок да бидат готови резултатите од бројните примероци земени од салите и од персоналот. Засега само се знае дека бактеријата е пронајдена во примерокот за хемокултура од пациентката која почина на скопските клиники, а за причините за нејзината смрт ќе се чека обдукцискиот наод.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Подобрување на практиките за социјални услуги на локално ниво, студиска посета на Австрија

Најдобар гајдаџија е Роберт Митров од Радовишко, а гранпри наградата на „Пеце Атанасовски“ за „Осоговски извор“ од Оризари

За подобра бизнис клима Општина Прилеп и Стопанската комора на Македонија-Турција (МАТТО) потпишаа меморандум

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе