15.5 C
Прилеп
четврток, 4 јуни, 2026
Пела Радио

Отворена карневалска сцена во Прилеп – се е подготвено за Прочка 2023 ( ВИДЕО + ФОТО )

Викендов во Прилеп по 21-ви пат ќе се организира карневалот “Прочка 2023”.Традиционалната манифестација во градот под марковите кули стартува од утре со изложбата на маски на основците и средношколците во центарот за култура Марко Цепенков. Истата започнува во 11 часот а стручна комисија ќе ги одбира најдобрите три маски во три категории , до шесто , од шест до деветто одделение и најдобри маски изработени од средните училишта.

Централниот дел од манифестацијата е во недела каде на дефилето  во центарот на Прилеп ќе се претстават поединечни и групни маски од Прилеп но и од други делови од земјава, Кавадарци , Пробиштип, Охрид ( Куратица) ,Мокриево , Сопот , Бегниште, Струмица.Организаторите очекуваат повеќе учесници да продефилираат низ централното градско подрачје каде и ќе  се претстават со кореографија и музика пред присутните. Прочка 2023 ќе биде збогатена и со куклено шоу , маѓионичарски и други атракции кои се и пропратни сегменти од овој карневал секоја година. 

 

 

Би можело да ве интересира

Утре (05 јуни) без струја неколку улици и населени места во Прилеп

Панел дискусија за спортот

Пела Редакција

Прекини на водоснабдувањето во Прилеп и во повеќе крушевски населени места

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе