11.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

„ПРИЛЕПСКИ МЕЧКАРИ„ ГИ НАГРАДИЈА ЗА НЕГУВАЊЕ НА ТРАДИЦИЈАТА, А ТИЕ ГО ОДБЕЛЕЖАА И „ТРИМИР„ ЖЕНСКИ ПРАЗНИК, ПРАЗНИК НА АРМАСАНИТЕ ДЕВОЈКИ, АДЕТ ВЕКОВЕН ВО ПРИЛЕП!

Здружението на жени „Преродба“ , го одбележа „Тримир“, православен празник, кој се слави на третиот ден по Прочка и е карактеристичен по тоа што се собираат жени, а трпезата е  посна поради велигденскиот пост .

All-focus
All-focus
All-focus

 

Пораката на овој празник е љубовта,  среќа на младенците кои таа година се вериле или стапиле во брак, „успех во животот како и плодност“, велат од од здружението „Преродба’ ,кои се негувачи на македонската традција и обичаи.

„Ова е женски празник .Се оди кај мајката на невестата и се носат посни јадења. Сите обичаи поврзани со овој празник сме го презеле од нашите баби , мајки и се надеваме дека традицијата и обичаите кои ги носи овој празник ќе ги продолжат и генерациите по нас. Празникот ја манифестира љубовта, бидејќи овој празник е посветен на верените девојки или младите невести. Се оди кај мајките на невестите, поканети роднини и пријатели, се носат подароци, се пеат песни  Младите се канат кај мајките за да бидат благословени од мајките, да имаат дечиња и да се множи фамилијата. Овој празник, е празник за армасаните (верените) девојки „-  раскажа претседателката на здружението на жени „Преродба„ ,Лилјана Ѓорѓиоска.

За негувањето на традицијата  „Преродба“ на Тримир доби и медал од здружението „Прилепски мечкари„  кои исто така ја негуваат традицијата за Прочка.

 

„Ова е едно од најактивните здруженија во Прилеп. „Преродаба„ веќе 17 години ја негува традицијата и ги одржува сите македонски обичаи, меѓу кој и Прочка , и овој медал, кои го делува здружението „Прилепски мечкари“ на лица и здруженија кои ја негуваат традицдијата , ним  заслужано припаѓа„,  рече Ванчо Георгиев, претседател на здружението „Прилепски мечкари“

ТРИМИР значи тридневен пост во не јадење и не пиење 

 Во целиот тримирски адет, особено се респектирани оние жени кои “држеле” Тримир.  Бидејќи, по Прочка почнуваат Велигденските пости,  адет е три дена по Прочка да не се јаде, ниту вода да се пие .Тој што тоа ќе го издржи, тој се смета благословен во текот на целата година. А, третион ден по Прочка, во среда, на црковната Литургија, на предходно осветените дарови, оние кои држеле Тримир се причестуваат .
Оној што „држи„ Тримир му доаѓаат канети гости и нему му се носат подароци, боза,  овошје и благи посни десерти.

 

Би можело да ве интересира

Велики петок најтешкиот празник во православниот свет

Пела Редакција

Трицикли за Роми кои собираат отпад

Елизабета Филипоска

Започнува „Двеодолива Чоко Стоби Флипс“ наградна игра

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе