28.8 C
Прилеп
вторник, 7 јули, 2026
Пела Радио

100 ГОДИНИ ОД РАЃАЊЕТО НА ПЕЦЕ АТАНАСОСКИ – СВЕТСКИОТ ВИРТУОЗ НА ГАЈДА

На денешен ден, 25.10.1925 година во с.Долнени, прилепско, роден е светскиот виртуоз на гајда, ПЕЦЕ АТАНАСОСКИ.
Во 1968 година, на фестивалот во Ериче, на островот Сицилија, Италија, во конкуренција на 1800 гајдаџии го освоил првото место и наградата ,,ЗЛАТНА ГАЈДА“.
Тој бил играорец, аранжер, композитор, инструменталист, еден од најпродуктивните собирачи со импозантна фолклорна збирка од околу 20 000 македонски народни песни и ора.
Во 1973 година е основач на Фестивалот на народни инструменти и песни во с. Долнени, тогаш, прилепско. Во негова чест, денес, овој фестивал го носи неговото име.
Во 1984 година со својата гајда ја придружува легендарната група ,,Бијело дугме“ во песната ,,Липе цвату“.
Починал во Скопје, на 14.09.1996 година. Неговото име е ставено во “Патеката на славните” во Прилеп. Воедно, градот Прилеп, во негова чест, како траен спомен за неговото огромно дело, подигна споменик, поставен на плоштадот.  Споменик во чест на Пеце Атанасоски е подигнати и во неговото родното село Долнени .
Во 2022 година, постхумно е одликуван со Орден за заслуги за Македонија.

Би можело да ве интересира

Хиротонисан епископот Велички, г. Никола кој беше игумен на манастирот „Св. Николај Чудотворец„ во Мариово

Промоција на книгата „Не правете го тоа во мојот автомобил“ од авторот Емил Крстески

Денешниот ден Спасовден се смета за најсреќниот ден во годината

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе