8 C
Прилеп
вторник, 1 април, 2025
Пела Радио

Апел за помош за Наташа, прилепчанка која боледува од редок вид на рак

Семејството на Наташа Јорданоска, 52-годишна прилепчанка апелира за помош во средства кои се потребни третман и операција во странство. Животот на Наташа целосно е променет од пред 2 години кога и’ бил дијагностициран редок вид на рак на левата страна од лицето.

Наташа и нејзиното семејство пробаа се’ што може да се проба во нашата држава. Таа имаше 2 операции и земаше терапија која до неодамна даваше резултати, но канцерот повторно почнал да прогресира.

Левата страна од лицето и’ е целосно уништена, па потребно е отстранување на туморот и реконструктивен зафат.

После голем број консултации, семејството дошло до сознание дека потребен е третман и операција која може да се изврши само во Турција, но семејството не може да си ги дозволи потребните средства во висина од 50.000 евра и има потреба од помош од сите хумани граѓани.

Донирајте по 100 денари на телефонските броеви: За корисниците на Телеком (143-161) и за корисниците на А1 (143-488)

Исто така може да донирате и директно на жиро сметка:
(За нашинците од странство)
Број на сметка 02-307-0536565.8 Методија Јорданоски / Комерцијална банка АД Скопје / IBAN MK07300307053656594 / SWIFT KOBSMK2X

За Македонија:
Жиро сметка: 300027077259812 на име Методија Јорданоски

Би можело да ве интересира

Заедно да го промениме светот на Дејан – бидете хумани !

Елизабета Филипоска

„Преродба“: Чудесната моќ на првото велигденско јајце?! Како се подготвува?

Елизабета Филипоска

Ѕуница доби донации од две прилепски училишта

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе