16.9 C
Прилеп
недела, 8 септември, 2024
Пела Радио

Овде или во Вечноста?- роман, првенец на прилепчанката Билјана Тинтоска

Синоќа, во градската библиотека “Борка Талески’, беше промовиран првиот роман на проф.Билјана Тинтоска, „Овде или во Вечноста?“, кој наиде на голем прием кај читателската публика. Салата на градската библиотека  беше претесна да ги прими сите оние кои сакаа да бидат дел од промоцијата на  овој роман, чија тема опфаќа семејни, социолошки, емотивни и религиозни димензии. Многумина сакаа да чујат за романот првенецот на Тинтоска чии издавач е „Матица Македонска“, која набргу ќе се најде и на полиците на  Библиотекта за пошироката читателска публика.

Р.Пела:Која беше идејата за романот?

 „Идејата за романот е извлечена од животот, од среќата и од несреќата на луѓето. Ја носам во себе одамна, но веројатно, дури сега, зборот созреал за да биде објавен, а настаните обзнанети. Но, случките што се третираат низ романот се живот. Живот исполнет и со радост и со тага, со болка, со солзи, но и со копнеж и борба да се осознае вистината. Темата има социјални димензии, видени преку два раскажувачки аспекта. Едниот е во улога на директен учесник во настаните, а другиот како набљудувач ,отстрана. Во центарот на вниманието е љубовта, во нејзината најсовршена форма. И, Бог како совршена љубов. Како и стремежот на човекот со љубовта да ја надмине смртта и заборавот и за да ја задобие чоечноста,вечноста  –  посочи, авторот Билјана Тинтоска

Р.Пела:Кој е впечатокот од синоќешната промоција? Очекувавте ли толкав интерес,со оглед на тоа што денес се помалку „книгата се зема во раце„,особено кај младата читателска публика?!

“Навистина не можам да најдам зборови со кои би ги опишала своите емоции кога ја гледав преполната сала, роднините, пријателите, драгите колеги и најдрагите ученици. Бидејќи ова ми е прв личен настан од ваков тип, бидејќи ми е прво дело, емоциите се силни. А, надежта дека книгата ќе се врати во интересот и во рацете посебно на младите е огромна. На тоа и работам како професор по македонски јазик и литература и се трудам книгата да е најголемата ризница за духовно богатство на човекот.

Билјана Тинтоска професионално е вљубеник во македонската реч,литертура и јазик, бидејќи е и професор по македоснки јазик во СОУ „Ѓорче петров“ ,ментор на драмската секција ,а со литература се занимава од нејзинот дестството.

Би можело да ве интересира

Љубов и вино – поетско музичка вечер за Св. Трифун и Денот на љубовта

Гордана Цветаноска

Два вечери ора и македонски фолклор во Прилеп

Гордана Цветаноска

Ретроспективна изложба на скулптури во дрво изработени во „Интернационалното студио за пластика во дрво“ на ЦСЛУ

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе