-2.2 C
Прилеп
недела, 22 декември, 2024
Пела Радио

Следниот месец треба да почне изградбата на неколку автопати вклучително и Прилеп – Битола

Конзорциумот „Бехтел и Енка“ на 22 април годинава треба да биде воведен во работа за изградба на автопатските делници Тетово-Гостивар (17,5 км) Гостивар – Букојчани (30.3 км) и Прилеп -Битола (39,3 км), а на 12 декември и на делницата Требеништа -Струга -Ќафасан во должина од 21,7 километри.

Со договорот што беше потпишан денеска во Владата за автопатските делници во вкупна должина од 108,8 километри во вредност од 1,3 милијарди евра, изведувачот доби обврска сам или преку домашни проектански фирми и компании истовремено да проектира и да гради.

Целата изградба треба да трае до 2027 година. Предложениот динамички план предвидува рок од 33 месеци за изградба на Тетово-Гостивар, 49 месеци за Требеништа -Струга – Ќафасан и 57 месеци за Гостивар – Букојчани и за Прилеп -Битола.

Финансирањето на проектот е од Буџетот на државата, а во буџетот на Министерството за транспорт и врски годинава се предвидени 15 милијарди денари или 244 милиони евра. Се планира секоја година од Буџетот да се издвојуваат толку средства.

 

Би можело да ве интересира

Тутунарите: Не не’ оттргнувајте од нивите за да не’ носите на патиштата!!!

Гордана Цветаноска

Крушево добива модерна сала за кино, театар и посебна сала на Советот

Гордана Цветаноска

Педесет години македонистика во Романија

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе