16.1 C
Прилеп
четврток, 4 јуни, 2026
Пела Радио

В недела кај Саатот – 200 години културна и друштвена меморија

Саатот во Прилеп не е само стара кула во срцето на градот – тој е сведок, симбол и простор што ги поврзува генерациите и културите. Последниве неколку години, Саатот прерасна во место за средби, идеи, пријателства, иницијативи, дебати, музика и игранки…
Оваа недела (17.08.2025), со почеток во 20:30 часот,Winter Apricots и Јавен Простор Прилеп ги канат граѓаните на тематската вечер „Kај Саатот – за Саатот“.

Организaторите со настанот сакаат да го оживеат просторот со присуство, музика, танц, заедничко сеќавање, како и да се одбележи постоењето и значењето на Саатот, не само низ бројки и датуми, туку и преку дружење и културна меморија што сите заедно ја градиме и чуваме. Поканети сме симболично да одбележиме 200 години од изградбата на првата Саат-кула и градската чешма.

Во текот на вечерта, во 20:30 и 21:30 часот, присутните ќе имаат можност да проследат краток филм за настанувањето, симболиката и значењето на Саат-кулата. Во монтирањето на овој краток филм користени се архивски снимки и материјали на пријателите на организаторите на настанот.

Потоа ќе следува заедничка забава и дружба со RobbieRay LedRobot и неговите ласери, тематски пијалоци на пријателите од Кафе Чоше и Кафе Носталгија, како и неколку други пријатни изненадувања, односно мала изложба, разгледници и принтови испирирани од Саатот и сл.

Настанот, истовремено е и најава на заеднички летни настани на Винтер Априкотс и Јавен Простор Прилеп, осмислени во циклусот „Музика и филм кај Саатот“. Настаните се поддржани од Општина Прилеп, кафе Чоше, кафе Носталгија и Златни пуканки.

Би можело да ве интересира

Здружението „ФИЛИП ЛУКАРОСКИ“ Прилеп ќе промовира прирачник за машко здравје

(Видео) ВНИМАТЕЛНО! Одрни на автопати и превоите, поплави во с.Бучин…

Пела Редакција

Општина Новаци дел од француско балканската конференција во Дижон

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе