7.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Крушево – град на културата за 2023 година

Општина Крушево ќе биде организатор на манифестацијата „Град на културата” во 2023 година, одлучи комисијата по распишаниот конкурс на Министерството за култура. Во програмата се содржани 62 проекта од сите дејности, кои подразбираат достапност на културата за сите во Општината и учество на многу млади домашни уметници и автори.

Општина Крушево ќе овозможи реализација на богати културни содржини во текот на целата година, како и меѓународна поврзаност и соработка во рамките на културата.

Манифестацијата „Град на културата”, иницирана од Министерството за култура, а прифатена и поддржана од општините во државава, започна да се реализира во 2004 година и оттогаш општините континуирано учествуваат во културниот натпревар на идеи преточен со презентација на многубројни јавни настани.

На конкурсот за годинава во Министерството за култура биле пријавени и општините Струга и Маврово-Ростуше. По извршената евалуација на пријавите, стручната комисија оценила дека Општина Крушево понудила богата програма и издржан програмски концепт, со содржини од различни жанрови, од традиционалното и од современото творештво, со учество на релевантни домашни и странски уметници.

Би можело да ве интересира

Промоција на книгата „Перспективни ориенталски сорти тутун и сортна структура во македонското примарно производство на тутун “

Гордана Цветаноска

Крушевските терени подготвени за вечерно скијање!

Гордана Цветаноска

ОУ „Страшо Пинџур“ во Мало Коњари го одбележа својот патрон празник

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе