0.6 C
Прилеп
петок, 22 ноември, 2024
Пела Радио

ЛЕВИЦА: ОПШТИНА ПРИЛЕП ВО ПОСЛЕДЕН МОМЕНТ ОРГАНИЗИРА ОГРОМНО ЗАДОЛЖУВАЊЕ

Левица Прилеп ги известува граѓаните дека утре, 20 март 2023 година ќе се одржи јавна трибина на која според оваа политичка партија станува збор за огромно задолжување на општината со задскриени планови. Известувањето го објавуваме во целост:

📢 Ги известуваме сите граѓани дека Општина Прилеп вчера на општинската Фејсбук страна објави Одлука за Јавна трибина со која се бара изготвување на Нацрт Одлука за задолжување на Општина Прилеп преку издавање на ОПШТИНСКА ОБВРЗНИЦА. Сето ова им е планирано да се случи во понеделник, на 20.03.2023 година во 10:00 часот, на јавна трибина организирана на сред работно време.
❗ Според наши сознанија, општината планира да го задолжи секое семејство во висина на една плата, план што не им се оствари пред неколку месеци, по бурните реакции на нашите претставници во советот.
❗Мора да се знае дека во победничките предизборни програми за советници и градоначалник со кои ја бараа и ја добија довербата кај народот никаде не се спомнуваше дека капиталните проекти ќе бидат финансирани со пари од кредит или слично.
❗Затоа ги повикуваме сите граѓани масовно да присуствуваат и да ги делегитимираме овие задскриени планови,“ стои во известувањето на ЛО Левица Прилеп.

Би можело да ве интересира

Полициска хроника: приведен разбојник од Прилеп, неколку пријави за физичко насилство

Пела Редакција

Проданоски: земјоделците и тутунарите се оставени на милост и немилост, додека во Македонија неконтролирано се продава увезен зеленчук!

Подобрување на практиките за социјални услуги на локално ниво, студиска посета на Австрија

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе