16.1 C
Прилеп
четврток, 4 јуни, 2026
Пела Радио

УЈП aпелира – граѓаните да не отвараат СМС пораки кои повикуваат на задолжителна пријава

Управата за јавни приходи информира дека кон граѓаните се испраќаат СМС пораки со кои се бара да извршат задолжителна пријава на лажна веб страница https:ujpgov.mk/potvrda.

ГРАЃАНИ, НИКАКО НЕ ОТВАРАЈТЕ  ЈА ОВАА ЛАЖНА ВЕБ СТРАНИЦА,  БИДЕЈЌИ ОД ВАС БАРА ДА  ПОПОЛНИТЕ ПОЛИЊА  СО ВАШИТЕ ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ,  ПОДАТОЦИ ОД  ПЛАТЕЖНА КАРТИЧКА И ДА  ПРИКАЧИТЕ СЛИКА ОД  ВАШАТА ЛИЧНА КАРТА. Споделувањето на Вашите лични податоци преку оваа лажна веб страница, може да предизвика нивна злоупотреба, предупредуваат од УЈП.

Веб страница е лажна,  не  во сопственост на Управата за јавни приходи.  Испраќачот на пораките се обидува да ги злоупотреби името и логото на УЈП и да ги доведе во заблуда граѓаните, да споделуваат  лични податоци и на тој начин да се изложат на ризик и можна злоупотреба.  Управата за јавни приходи ги презема сите неопходни активности за справување со оваа состојба.

Би можело да ве интересира

Град со големина на орев ја зафати општина Кривогаштани

Дете пронајдено во безсознание во базен од дворот

Пела Редакција

Со минирање започнаа градежните работи на автопатот Прилеп – Битола, недостигаат работници

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе