15.5 C
Прилеп
четврток, 4 јуни, 2026
Пела Радио

СВР Битола: 64 прилепчани возеле во алкохолизирана состојба

СВР Битола, во последниот билтен за акциски контроли на територијата од регионов информира дека вкупно 81 возач бил санкциониран бидејќи возел под дејство на алкохол.

„Во текот на изминатата вечер (08/09.04.2023) во периодот од 22.00 до 04.00 часот на територија на СВР Битола била спроведена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило под дејство на алкохол. При контролата биле санкционирани 81 возачи. Од нив 10 на територија на Битола, 64 во Прилеп, по 3 во ДемирХисар и Крушево и 1 во Македонски Брод. За време на контролата биле санкционирани и 86 други видови прекршоци. Акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила“, информираат од МВР.

Би можело да ве интересира

Возач од Крушево управувал возило со 2,09 промили алкохол во крвта и предизвикал сообраќајка

Пела Редакција

Настани кои овие два дена го вознемирија Прилеп – реагираше полицијата

Чистел пиштол од татко му, се ранил в нога

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе