16 C
Прилеп
четврток, 4 јуни, 2026
Пела Радио

Возач од Крушево управувал возило со 2,09 промили алкохол во крвта и предизвикал сообраќајка

Полицијата го  лишен од слобода возач од Крушево кој управувал возило под дејство на алкохол, со 2,09 промили алкохол во крвта. При тоа возачот, во алкохолизирана состојба, предизвикал и  сообраќајна несреќа, со материјална штета.
На 13.06.2025 во 17.15 часот, полициски службеници од ОВР Крушево го лишиле од слобода Н.К.(67) од Крушево.
При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „застава“ со крушевски регистарски ознаки, кое го управувал Н.К.(67) и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол. Полицијата утврдила  дека возачот има 2,09 промили алкохол во крвта. При тоа возачот во алкохолицирана состојба предизвикал и  сообраќајна несреќа со материјална штета.

Тој бил исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица, а по целосно документирање на настанот против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“,информираат од СВР -Битола

Би можело да ве интересира

Двајца повредени во сообраќајна несреќа на патот Битола – Прилеп

Крушевско фатен дрвокарадец – малолетник нападнат пред обложувалница

Полицијата трага по малолетничка и штитеник од Домот за стари лица во Прилеп

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе