11.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

За Јорданчо Наумоски 150 натпревар за Победа, но гостите сепак ги зедоа бодовите

Попладнево ФК Победа одигра со Работнички, но повторно остана без бодови. Крајниот резултат остана  0:1 до крајот на мечот, откако гостите во 31 мин постигнаа ефективен гол. Во судиското надополнување Победа притисна, имаше дури и  метеж пред гостинскиот гол по изведениот корнер. Топката се исфрли пак во корнер, но судијата не дозволи да се изведе,па свирна крај. Така заврши и овој натпревар за Победа, бодовите отпатуваа за Скопје, а верните навивачи на трибините си заминаа повторно со наведнати глави. Прилепчани сега се на пет бода до Скопје, кој е на место кое води во баражот и шансите за опстанок се сведени на минимум. Победа е закована на дното ,е пред испаѓање и гостува кај Академија Пандев.

Сепака,топката продолжува да се врти и да носи радост на зелениот терен.  Натпреварот ќе го запамети Јорданчо Наумоски .

Ова за него беше 150-тиот,  јубилеен, меч во дресот на Победа. Тој е фудбалер кои 6 години го носи дресот на својот матичен тим и е еден од најдобрите прилепски фудбалери. Пред почетокот на натпреварот Наумоски беше награден со дрес, кои го покажува бројот 150 , а кога информацијата беше објавена од официјалниот спикер,  одекна громогласен аплауз од трибината, во знак на поздрав и почит кој Јорданчо Наумоски, за неговата ангажираност и доследност во тимот на ФК Победа.

Наумоски ќе имаше и многу поголема бројка одиграни натпревари за својот клуб, но есеноска воопшто не настапи, поради повреда. Последниот настап на Јорданчо Наумоски во дресот на Победа датира од 30 април 2022 година во натпреварот против Беласица, во 25. коло на Втората лига –  Исток.

Оттогаш тој мораше да мирува поради сериозната повреда на ногата. Но, во пролетниот дел од прволигашкото првенство Јорданчо Наумоски заигра во средниот ред на ФК Победа.

Би можело да ве интересира

ПРИЛЕПСКА ДЕСПИНА Е СЕДМА

САСА НА ДОЖД ВО ПРИЛЕП СЕ СПРЕМАШЕ ЗА ЈУВЕНТУС

Гордана Цветаноска

Супер издание на прилепските боксери во првото коло од првата и младинската бокс лига на Македонија (ФОТО)

Никола Димески

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе