5.4 C
Прилеп
петок, 15 ноември, 2024
Пела Радио

Во Цепенков „Пијано вечер“ со прилепските пијанисти Илија Иваноски и Денис Најдоски

Во фоајето од НУЦК „Марко Цепенков“ на 24 април,понеделник, од 19.00 часот ќе се одржи „Пијано вечер“ со прилепските пијанисти Илија Иваноски и Денис Најдоски. На програмата се дела од П.И. Чајковски, А. Дворжак и Ј. Брамс.

Илија Иваноски

Илија Иваноски, oсновно музичко училиште завршува во ООМУ “Ордан Михајлоски-Оцка”- Прилеп, во класата по пијано кај проф. Наде Стојкоска. Средно музичко училиште се запишува во “ДМУ”- Битола (2009), отсек пијано во класата на проф. Маргарита Татарчевска и проф. м-р Јана Четелева-Белевска. Своите студии по пијано ги продолжува на “ФМУ”- Скопје (2013), во класата на проф. м-р Тодор Светиев, каде што се здобива со диплома дипломиран пијанист. Учествувал на голем број натпревари по пијано и камерна музика (државни и меѓународни); семинари, од кои може да се издвои соработката со Јури Кот (Украина). Од 2017г. e професор по пијано во ООМУ “Ордан Михајлоски-Оцка”-Прилеп.

Денис Најдоски

Денис Најдоски, завршува основно музичко училиште во Прилеп во класата на наставник Михајло Стојкоски. Во 2006 година своето образование го продолжува во класата на м-р проф. Снежана Анастасова – Чадиковска во ДМБУЦ „ ИлијаНиколовски – Луј“ Скопје. Во 2015 г. со висок просек дипломира на ФМУ – Скопје во класата на м-р проф. Рита Трпчева-Поповиќ. За време на неговото школување како солист настапува на голем број државни и меѓународни натпревари каде што освојува значајни награди и признанија. Има реализирано концерти во земјава и странство, а учествува на на семинари кај врвни пијанисти од Македонија, Србија, Швајцарија, Словенија, Русија. Покрај солистичките настапи редовно настапува и како член на камерни состави ( дуоПијано ) од кои се издвојуваат – лауреат на државен натпревар по камерна музика, концерти на Скопско Лето, Есенски музички свечености и многу други. Од 2015 год. работи како професор по пијано и корепетиција. Неговите ученици земаат редовно учество на голем број концерти и натпревари, каде што постигнуваат значајни резултати во земјава, но и во странство.

Би можело да ве интересира

Витаминка избрана за најпосакуван работодавач меѓу македонските компании

Пела Редакција

Со дрво помалу остана паркот кај судот- Годинава „отстранети“седум дрва од јавно прометните површини

Елизабета Филипоска

Безмалку, едно деноноќие четири прилепски населби останаа без вода

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе