11.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Родниот град Прилеп достојно ќе го одбележи делото на Окјар, блискиот соработник на Ататурк

Прилепчанецот Али Фети Окјар, инаку еден од најзначајните општественици на современа Турција на иницијатива на НУ Завод и музеј, во родниот град Прилеп ќе добие спомен обележје во негова чест и почит. Во годината кога се одбележуваат 80 години од смртта на Али Фети Окјар, инаку близок соработник на таткото на модерна Турција, Кемал Атататурк. Проектот поддржан од Министерството за култура почнува со настан во ЈОУ Градска библиотека „Борка Талески“ Прилеп.

– Проектот опфаќа истражување и изложба на фотографии, публикации за целокупниот животен пат  за прилепчанецот Али Фети Окјар. Втората половина на октомври, или почетокот на ноември овој проект ќе заврши со една изложба посветена на Окјар, меѓутоа поврзана со Ататурк со Турската Република, бидејќи оваа година се поклопува 80 години од смртта на Али Фети Окјар, 85 години од смртта на Ататурк и 100 години од создавањето на Република Турција. Окјар е роден во Прилеп и еден од првите, најблиски соработници на таткото на современа Турција, Кемал Ататурк. Двајцата, цел живот се поддржуваат и низ сите активности и должности што ги извршуваат, и двајцата  се можеби најважни личности  за создавањето на турската република, посочи Рубин Белчески, историчар од Заводот и Музеј и носител на проектот.

В понеделник на 8 ми мај ќе има средба со подомците на Окјар, поточно неговиот внук од син д-р Али Фети Окјар, како и  други истакнати гости и блиски на големиот турски државник. Идејата е како и во Битола, Прилеп да добие спомен соба на истакнатиот турски државник роден во Прилеп, што пак ќе придонесе за понатамошно продлабочување на македонското – турското пријателство и соработка.

Низ историјата на современа Турција Али Фети Окјар оставил длабоки траги, тој бил два пати премиер на Република Турција, пет пати пратеник, но и претседател на турското Собрание, министер за внатрешни работи и за правда, амбасадор на Турција во Бугарија, Франција и во Велика Британија. Окјар се родил во Прилеп во 1880 година.

Би можело да ве интересира

Во Прилеп не е проблем, а се’ е проблем! (38)

Пела Редакција

Ултиматум – НЕ благодарам, утре, блокада кај Заполшки мост

Гордана Цветаноска

Од 97 институции, општина Прилеп е на 56 место по транспарентност

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе