16.4 C
Прилеп
четврток, 4 јуни, 2026
Пела Радио

Меѓународен научен собир „Материјализација на мислата“ во организација на Институтот за старословенска култура

Во организација на Институтот за старословенска култура во Прилеп се одржува дводневен научен собир „Материјализација на мислата: идеолошките концепти зад културното наследство“ на кој   учествуваат научници од Македонија, Србија, Бугарија, Грција и САД. Целта е да се анализираат подлабоките значења на културното наследство, за кои современиот човек не е свесен или остануваат недоволно јасни под напластувањата на вековите, односно за „разбурањето на подлабоките значења ви градбите, уметничките и пишаните дела, народните преданија и легенди, е битен предулсов за разбирањето на денешницата и на современата култура,“ како што посочи д-р Александар Василески, директор на Институот за старословенска култура.

– Проучувањата на делата кои го градат комплексниот мозаик на културното наследство, од перспективата на повеќе научни дисциплини, а особено сублимирањето на добиените научни резултати ни даваат можност да добиеме заокружена слика за контекстот во кој настанале, за нивното суштествено значење, но и за безвременските пораки кои се вткаени во нив. Разбирањето на ваквите пораки ќе ни помогне подобро да ја разбереме нашата сегашност и подобро да се разбереме себеси“ – рече д-р Василески.

Примарната цел за одржување на меѓународниот научен собир е да се промовираат суштинските вредности на материјалното и нематеријалното културно наследство кои, пред сѐ, се втемелени во културната историја и традиција. Преку презентации и дискусии научниот собир ќе се придонесе во разбирањето и значењето кое го имале и го имаат идеолошките парадигми и религиските сфаќања на општествено и индивидуално ниво, како и за нивното влијание врз архитектурата, уметноста, обичаите, јазикот, фолклорните и литературните творби. Овој научен собир ќе даде значаен придонес кон интернационалната афирмација на културното наследство, како значаен ресурс на
колективна меморија и културната размена.

Би можело да ве интересира

По 16 пат-Меѓународна ликовна колонија „Марко Цепенков -Дрен 2024“

Горивата поскапуваат од 1,5 до 2,5 денари по литар

Во спомен на Тоше, 10 маратонци в петок пристигнуваат во Крушево

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе