11.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Хасаниќ: македонските музички таленти се добредојдени на „Студентско лето“ во Маглај

Љубовта кон музиката, заедничкото минато, гостопримството, добродушноста ги спојуваат двата народи македонскиот и босанскиот. Овој пат музиката беше повод за разговор со познатиот босански пејач Бенјамин Хасаниќ, во програмата „Радио што се гледа“  за една манифестација која се одржува во Босна и Херцеговина, поточно во Маглај на 8 и 9 септември.  Станува збор за  „Студентско лето“ – меѓународен музички фестивал кој што годинава во септември го одбележува 51то издание. Двете фестивалски вечери се резервирани посебно за забавна и за народна музика, а се одржуваат и низа други придружни културни настани.

„Може да се пријави секој талентиран млад пејач/ка, а доколку се квалификува за настап, организаторите ги покриваат сите трошоци поврзани со пат и престој. Се очекуваат многу гости и учесници од цела Европа, а најмногу од регионот на поранешна Југославија,“ вели Хасаниќ, член на фестивалскиот одбор на „Студентско лето“ кој ги охрабрува сите кои сакаат да настапуваат на музичката сцена во живо, во придружба на оркестар, да го сторат тоа.  Во продолжение целиот  разговор со Бенјамин Хасаниќ, инаку професор по музика во средно училиште, композитор, пејач и вљубеник на македонската музика.

Би можело да ве интересира

За малиот Марко хуманитарен настан на Камената бина во Прилеп

Пела Редакција

БЕСПЛАТЕН РЕКЛАМЕН ПРОСТОР за фирмите кои помагаат во ова кризно време

ССНМ за судбината на медиумските работници! Работничките права се предуслов за професионално новинарство

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе