11.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Во последната секунда нерешено за опстанок на РК Прилеп во суперлигашкото друштво

Ракометарите на  РК Прилеп и РК Јуниор Кисела Вода од Скопје,  ги поделија бодовите во натпреварот од „плеј-аутот“ на македонската Супер Лига. Мечот заврши со резултат (11:11) 24-24, а се чини дека овој исход беше најреален за двете екипи,според прикажаното на теренот.

Тимот на Јуниор КВ иако водеше со плус два во финишот на натпреварот ракометарите на  Прилеп,  преку Шокоски, а во последната секунда и Бикоски се погрижија за реми и бод за Прилеп, со што и следната сезона прилепчани се блиску да играат во суперлигашкото друштво.

Давор Шокоски постигна 13 гола за домашните, а осум гола за гостите постигна Дарио Симоноски.

Екипата на ЕК Прилеп сега е петта на табелата со 21 бод и можност да остане во Супер лигата во наредната сезона.

Би можело да ве интересира

ПЕТАР КОСТОВСКИ Е ПРВИОТ СЕНИОРСКИ ПОБЕДНИК НА ТУРНИРОТ „ИЛИЈА КАРЕСКИ“

Гордана Цветаноска

На првата трка на Охрид Ултра-Треил, прилепчани со медали

Елизабета Филипоска

ВАЖНО : Навивачка “мобилизација” за саботното дерби – СРЦЕ НА ТЕРЕН (ФОТО + ВИДЕО)

Никола Димески

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе