7.8 C
Прилеп
среда, 2 април, 2025
Пела Радио

Модна ревија Trash Fashion  во  СОУ „Ѓорче Петров„ – Прилеп – Модни креации од рециклирани матерјали

И, отпадот може да послужи како матерјал, со кративност, вештини и умеење на дизајнирање. Е, токму тоа го умеат учениците и професорите во СОУ Ѓорче Петров – Прилеп кои создадоа  прекрасна модна ревија од рециклирани матерјали. А, модната ревија Trash Fashion предизвика, несомнено, голем интерес и кај креаторите, и кај моделите , но и кај сите ученици и наставници кои ја проследија ревијата.

На модната ревија се најдоа фустани, здолништа, блузи, маици, панталони,шапки.. изработени од рециклирани матерјали: картон, најлон кеси, алуминиумски фолии, стари цд-дискови и сл. –  сето тоа беше  дел од матерјалите кои беа користени за модните креациите.

Модната ревија Trash Fashion беше поддржана од: АД Витаминка,  ДООЕЛ-Прилеп, Слаткарница Дизниленд Трејд, Пица Бар Ластарада како и од Конфекција Тритекс.

Модната ревија имаше натпреварувачки карактер, па најдобрите беа и наградени од страна на жири комисијата во состав на: професор, Лора Трајкоска-Николоски, професорката Ангела Кочоска и професорот Сашо Кочоски од СОУ Ѓорче Петров.

Настанот беше организиран од училиштето, со помош на  професорката по ликовна уметност, Марта Макеска-Кузмановиќ и професорите  по стручни предмети во текстилната струка, Наташа Мирческа, Здрава Најдоска и Стојне Христоска инструктор по фризерство  ,а водител на настанот беше , оној кој учи од нас,  младиот репортер на Радио Пела,  Христијан Ангелески.

Информација,фото и текст:  Христијан Ангелески

 

Би можело да ве интересира

Промовирана ,,Ароматична градина Чопела” и нов зачин од проектот „Екпедиција на природата“ во СОУ „Орде Чопела“

Родителите денеска повторно на протести поради образованите реформи

Елизабета Филипоска

Младите во Прилеп ќе учат вештини за полесно да се вработат (ВИДЕО)

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе