11.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

ЈКП Комуналец: Започна чистењето на речното корито од поплавите

Со градежна механизација од денеска започна да се чисти речното корито од мостот кај населбата Димо Наредникот, кон  железничкиот надвозник. По обилните врнежи и поплавата која го зафати и нашиот град, во речното корито од Градската река се слеа сиот отпад од Дабничкиот канал  и повисоките населби. Расчистувањето ќе  трае подолго време, зашто најпрво ќе работи механизацијата, а потоа и рачно на места каде нема пристап.

„Се замолуваат граѓаните кој живеат на овој дел од градот да бидат стрпливи, зашто отпадот кој се чисти има и исцедок, кој исцедок по чистењето ќе се мие со цистерна. Воедно, како комунално претпријатие апелираме до граѓаните сиот отпад да го предаваат на комуналните служби без оглед на количината. За габаритен отпад и друга покуќнина која не може да се собере со редовната линија да се обраќаат на телефон 048/428 992, или на електронска пошта: [email protected] , komunalecprilep@yahoo. com. Истиот отпад бесплатно се собира од дворовите секој четврток со дополнителната линија. За градежен отпад и отпад од градење граѓаните имаат можност да порачаат трактор по цена од 620  денари, или контениер од 5 м3, со цена од 1 360  денари. Доколку имаат сопствен транспорт отпадот да го депонират бесплатно во депонијата во Алинци секој ден до 14 часот. Апелираме и до превозниците со трактор или друг транспорт за отпад, да ги почитуваат правилата за одлагање на отпад и истиот да го транспортираат до депонијата во Алинци, а не во околината на градов. Истите ги информираме дека депонијата од центарот на градот е оддалечена 10 км, исто колку би возеле и до било која дива депонија, а најчесто се користат каналите и доловите за исфралање на отпад, посочуваат од ЈКП Комуналец.

За собирање, транспортирање и депонирање на отпадот надлежен е ЈКП Комуналец, освен за отпадни гуми, акумулатори и стари возила. За ваков вид на отпад граѓаните и бизнис секторот треба да се обраќаат кај постапувачите со отпад од оваа категорија.

Би можело да ве интересира

За денар и половина поскапуваат бензините и дизелот

Гордана Цветаноска

Прилепските детски градинки добија нови прочистувачи на воздух

Гордана Цветаноска

Гром удрил и направил пожар во помошни простории на граѓанско здружение

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе