5.6 C
Прилеп
петок, 6 декември, 2024
Пела Радио

Утре се отвораат границите, само во четири земји граѓаните можат да се движат без обврска за прикажување на тест и карантин

Утре, 26.06.2020 е датумот кога конечно ќе се отворат гранците низ државата.  Без приложување на негативен тест или пак државен карантин граѓаните ќе можат слободно да се движат во Србија, Албанија, Косово и Турција.

Во вторник, врз основа на препораките на Комисијата за заразни болести, 1 јули ќе бидат отворени за сообраќај и Меѓународниот аеродром Скопје и Аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид.

Со одлуката за целосно отворање на границите на земјава, македонските државјани ќе можат слободно да патуваат вон границите без обврска за негативен ПСР тест и задолжителен 14-дневен карантин при враќање во земјава. Сепак, со исклучок на Србија, Албанија, Косово и Турција, оваа обврска останува за влез во некои земји во регионот и во ЕУ-членките.

За патување во Бугарија и Грција ,како земји членки на ЕУ важат насокоите дадени од ЕК за отворање на границите од 1 јули, годинава. Оваа одлука членките на Унијата треба повторно да ја разгледаат, утре ,поради растот на бројот на заболени во земјите во регионов.

Би можело да ве интересира

Видео:13 години без Тоше!

Елизабета Филипоска

(Видео) За несовесното и нестручно изведување на спортскиот терен ООУ „Рампо Левката„ ја обвини фирмата – изведувач

Елизабета Филипоска

Македонскиот јазик наскоро во српските училишта

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе