7.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Програма за сабота 10 јуни (57 МТФ „Војдан Чернодрински“)

Театарот „Војдан Чернодрински“ ќе ја изведе претставата „Мистерија Буфо“ во
режија на Андреј Цветановски вечерва во 19.30 часот на нивната матична сцена.
Половина час претходно, во холот на Центарот за култура ќе биде отворена
изложбата на костими и фотографии на Благој Мицевски, на која ќе бидат
изложени костими од претставата „Тартиф“ на Народниот театар од Битола, како
и странски проекти.
Актерката Ангела Стојановска во 17 часот, во кафе-бар „Лувр“ ќе го изведе
перформансот „Срам“ во продукција на „Тиит! Инк.“, а реализирана во соработка
со режисерот Милош Андоновски и драматургот Ева Камчевска.
Денеска во 12 часот е закажана и првата тркалезна маса, на која ќе се разговара
со тимот на велешката претстава „Нема струја за електричниот стол“ во режија на
Дејан Пројковски, со која беше отворен фестивалот.
Во 23 часот следува настапот на студентите од Факултетот за драмски уметности,
со нивна дипломска претстава.

Од денеска во рамките на фестивалот е достапна и аудиособа во која публиката
може да слушне театарска музика на македонски композитори.

Покровители на 57. МТФ „Војдан Чернодрински“ се Министерството за култура и
Општина Прилеп. Спонзори на фестивалот се: Пакомак, Прилепска пиварница,
Витаминка. Посебна благодарност до Бит крафт, што ја направија фестивалската
интернет-страница. Пријатели на фестивалот се: Театар за сите, Самоглас,
Гледај.мк, Умно.мк, МТВ, Донирај компјутер, кафе бар „Лувр“, Монарка –
гастробар, Македонија осигурување, Македонска куќа, Урбан ера, Чоше, Брос
бургерс, Аура, Каре, хотелите Кристал Палас, Атлас и Салида и други Медиумски
покровител е МРТ.

Би можело да ве интересира

Прилепскиот уметник Филип Јовески изложува во Берлин

Kасарната „Мирче Ацев“ го одбележа Денот на артилерискиот баталјон

Гордана Цветаноска

Неделен биланс за Ковид состојбата во општина Прилеп

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе