14.1 C
Прилеп
среда, 16 октомври, 2024
Пела Радио

Тројца повредени во сообраќајна незгода помеѓу трактор и товарно возило на патот Крушево – Прилеп

Синоќа, во 21.08 часот, во ОВР Крушево било пријавено дека на регионалниот пат Крушево – Прилеп се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „нисан“, со крушевски регистарски ознаки, управувано од лицето А. Б. (51) од Крушево, и трактор, без регистарски ознаки, управуван од А. А. (41) од с. Алданци, Крушевско.

Во несреќата тешки телесни повреди добил сопатникот во возилото „нисан“, М. Н. (35) од Крушево, а телесни повреди добиле двајцата возачи и М. Ј. (38) од с. Норово, сопатник во тракторот, констатирани во болницата во Прилеп. Увид извршила екипа на ОВР Крушево.

Би можело да ве интересира

Загина тракторист од Локвени

Џудо тренерот осуден на 20 години затворска казна за обљуба на малолетни девојчиња

Фатен прилепчанецот кој во Глуво, заедно со двајца, измачувале брачен пар и го убиле мажот

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе