30.2 C
Прилеп
вторник, 14 јули, 2026
Пела Радио

Мајката ги оставила трите деца, дедото ги прибрал и пријавил во полиција

Во прилепското одделение за внатрешни работи, вчера прилепчанец пријавил дека неговата ќерка ги оставила трите мали деца незгрижени и сами во домот. Тој ги прибрал кај себе внуците и пријавил во полиција стои во соопштението СВР Битола:

На 19.06.2025 во 01.40 часот во ОВР Прилеп, М.А.(50) од Прилеп пријавил дека на 18.06.2025 околу 22.00 часот во домот на неговата ќерка М.А., во кој вонбрачно живеела со С.А., а кој бил на работа во Охрид, ги пронашол сами нивните три деца на возраст од три, две и една година. Според пријавеното, тој ги земал децата во неговиот дом  и се слушнал со  неговата ќерка, која му кажала дека не можела да се грижи за децата. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Би можело да ве интересира

Теретана на отворено доби ООУ „Страшо Пинџур“ Мало Коњари

УХМР за среда најавува снег во цела Македонија

Шест новозаразени лица од ковид-19 регистрирани во Прилеп

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе