5.4 C
Прилеп
петок, 15 ноември, 2024
Пела Радио

„Со почит кон…“ рок и поп концерти на прилепски групи на Камената бина

Општина Прилеп финансиски за прв пат годинава ќе поддржи проект во рамките на годишната програма за култура кој што опфаќа промоција на млади музичари, музички групи преку нивно претставување во текот на летните месеци за време на училишниот распуст, на Камената бина во центарот на Прилеп. Проектот насловен „Од нула до култура“  е насочен кон младите. Концертите ќе се одржуваат еднаш седмично во континуитет. Локалните музички групи со концерти насловени „Tribute to…“ (Со почит кон…) ќе се реализираат со посвета на великани во музиката од светската популарна поп и рок култура, кои имаат големо влијание врз културната наобразба на секој човек. Планирани се околу 10 засебни настани, почнувајќи од 22.06. па се до крајот на месец август.

„Општината за реализација на овој проект ќе обезбеди простор, озвучување, осветлување и хонорар за настапувачите. Вклучени се речиси сите локални музички групи, кои сеуште се пријавуваат. Целта е исто така да овозможиме една забава на отворено и она што е најважно овој проект има иднина, односно со обезбедување на повеќе средства  во програмата за култура на општината, да прерасне во едно поголемо музичко случување. Меѓутоа, успешната реализација ќе овозможи истиот да прерасне во иднина од едно локално, во едно поголемо случување кое што ќе придонесе за развој на тој културен туризам, посочи Снежана Ристеска, советник за култура при ЛС Прилеп.

За проектот се предвидени 200 илјади денари, од вкупно планирани 4 милиони денари од Програмата за култура при општината.

Учесниците, млади музичари генерално познати на прилепската јавност иако најголемиот дел постојат неполна година ќе се претстават со македонска поп, екс Ју, англиски рок и рокендрол  музика.

„Локдаун Прилеп групата воглавно сме препознатливи по екс Ју, македонска забавна музика, мелодии од Тоше Проески, некои од постарите македонски групи“.

„ Идејата е супер за младите да слушаат поразлична музика од секојдневната. Д докторс  е нова група, ќе свириме музика од Чед хот чили пеперс, ова е навистина позната американска група и една од најдобрите рок бендови на светот. Ние негуваме англиски рок и екс ју рок музика.“

„ Групата Но сигаретс е група која што веќе активно се занимава со свирење веќе 2 години. Свириме секаков вид на рок англиски, американски, екс ју и македонски, а на 29 јуни ќе се претставиме да изразиме почит кон бендот Рибља чорба.“

За сите кои се љубители на поп, рок и рокендрол музика, убаво расположение и забава ова е распоредот на групите кои ќе настапуваат почнувајќи од утре, четврток 22 јуни на Камената бина во Прилеп од 21 часот:

22 јуни CROSSROAD

29 јуни NO CIGARETS

06 јули The FOUR

13 јули ROCK BLUES BAND

20 јули The SCHMUCKS

26 јули The HOUNDS

Би можело да ве интересира

Изложбата „УБАВИНАТА КАКО ХАРМОНИЈА И ЕДИНСТВО НА ПРОТИВРЕЧНОСТИТЕ“ од утре во ликовната галерија

Гордана Цветаноска

Се’ е подготвено за детскиот театарски фестивал „Силјан Штркот„

Елизабета Филипоска

Викенд фестивал на краток филм “Winter Apricots” на Могила

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе