12 C
Прилеп
среда, 2 април, 2025
Пела Радио

Општина Новаци ангажира невработени лица за грижа и помош на стари лица

Општина Новаци ќе ангажира вкупно седум долгорочно невработени лица од кои шест ќе се грижат и ќе им даваат помош и нега на стари и изнемоштени лица во домашни услови а едно лице ќе биде ангажирано како неговател – воспитувач во ЈУДГ Бамбри во Новаци.

Станува збор за проектот „Ранливи категории 4“ од Програмата Општинско корисна работа на УНДП, АВРМ и МТСП.

– Овој деветмесечен проект почнува од 1 јули 2023  и ќе трае до 30 март следната година. Во рамки на проектот ќе бидат ангажирани вкупно 7 долгорочно невработени лица од кои 6 лица за грижа на стари и изнемоштени лица во домашни услови и едно лице за воспитувач во детската градинка во Новаци. Шест лица се финансирани од УНДП, додека едно лице е целосно финансирано од буџетот на Општина Новаци, информира градоначалникот на Општина Новаци,Стевче Стевановски.

Локалната самоуправа посочуваат дека „Општинско корисна работа“ претставува програма која на тешко вработливите лица им нуди можност за социјално вклучување преку работни ангажмани со скратено работно време. Општина Новаци до крајот на месец мај го имплементираше претходниот проект  од оваа програма насловен како „Ранливи категории 3“ со кој беа ангажирани 6 лица за грижа на стари лица во домашни услови од кои 4 беа покриени со средства од проектот, а две лица беа целосно финансирани со буџетски средства.

Би можело да ве интересира

НОВИ ТРОТОАРИ И АТМОСФЕРСКА КАНАЛИЗАЦИЈА ЗА ГОРНО И ДОЛНО АГЛАРЦИ

Елизабета Филипоска

Прв меморијален шаховски турнир “МАТ”, учествуваа над 120 шахисти

Гордана Цветаноска

ОПШТИНА НОВАЦИ ИЗГОТВИ НОВА СТРАТЕГИЈА ЗА ЛОКАЛЕН ЕКОНОМСКИ РАЗВОЈ ЗА ПЕРИОДОТ 2023-2028 ГОДИНА  

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе