10.7 C
Прилеп
понеделник, 31 март, 2025
Пела Радио

Почна реконструкцијата на улицата „Леце Котески“

Втор ден екипа на изведувачот на градежните работи за реконструкција на влезната улица „Леце Котески“ го гребе асфалтот од почетокот на улицата после железничката пруга, кај Витаминка, кон излезот на Прилеп.

Инвестиција е преку 48 милиони денари, средства обезбедени од буџетот на Министерството за транспорт и врски преку Светска банка. Предвидено е покрај рехабилитација на основниот коловоз со широчина од 6,5 м да се изгради и нова пешачка и велосипедска патека (широчина 3 м) во должина од 2,134 километри. Предвидено е поставување 72 сливници за прибирање на атмосферската вода.

Според планот реконструкцијата треба да заврши за 10 месеци.

 

 

 

 

 

 

Би можело да ве интересира

Во Прилеп не е проблем, а се’ е проблем (65)

Пела Редакција

Заседаваше Општинскиот штаб за управување со кризи

Гордана Цветаноска

Дрвјата кои биле исечени на Булевар биле дотраени

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе