Денеска и утре ( 3 и 4 јули) на територијата на општина Прилеп, ќе се спорведе втората фаза на ларвицидна теристичка (од земја) дезинсекција со цел уништување на ларвените форми на комарци.
Дезинсекцијата ја извршува екипа од Центарот за јавно здравје-Прилеп, а ќе бидат опфатени места каде што има идеални услови за раст, развој и размножување на комарците, како што се фонтани, мини езерца, одводни канали, мочуришта, делови од Дабнички канал, Селечка река, Маркова чешма, област Поводеници, Вештачко езеро, Волковски езера, област Ѓумушица, Сарика како и водени површини во населените места: Беровци, Кадино село, Галичани, Чепигово, Тројкрсти, Мало и Големо Коњари, информираат од Опшина Прилеп.