5.4 C
Прилеп
петок, 15 ноември, 2024
Пела Радио

Донација од Кико за малиот Стефан од Прилеп- семејството на Кико донира половина милион денари од собраните средства

Семејството на починатиот  Кико, а за кој беа собрани донации и се одржа хуманитарен концерт, донира парични средства за лекување на малиот Стефан Дуртаноски од Прилеп.

 

Средства  во висина од половина милион денари  се потребни за набавка на респиратор. Родителите бараа донација во висина од 5 .855 200,оо денари, респиратот,  со цел ова дете да може да продолжи да живее.

„Ова е од Кико за Стефан„ пишува на уплатницата

Јутуберот Лазаров напиша на својата Фаебоок страна: „Како што најавив пред 2 дена, ова утро од семејство Коцеви е извршена донација во вредност од 500,000 денари. Голем респект од мене за Горан, Катерина и Никица, семејство со вистински вредности, чесно и хумано. Заслужувате многу… а на малиот Стефан му посакувам брзо да се опорави.“ напиша на Фејсбук тој.

Кико, кој за жал не го дочека лекувањето во Турција, имаше ретка и тешка болест Атаксија-телеангиектазија, која брзо прогресира и за кратко време доведува до сериозна состојба.

Момчето требаше итно да замине на третман во Турција, но поради влошување на неговата здравствена состојба тоа не се случи, а тој последно се лекуваше во приватна болница во Скопје.

Би можело да ве интересира

Прва година насмевки во Дневниот центар за лица со церебрална парализа

Гордана Цветаноска

Денеска муслиманските верници го прославуваат големиот празник Курбан Бајрам

„Преродба„ – Ем, светиниколски сарми, ем, хуманитарен концерт прават и велат “Нашето малку за некому значи многу„

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе