29.1 C
Прилеп
вторник, 14 јули, 2026
Пела Радио

„Божиќната магија на животните“ утре во Кино Мис Стон

Веќе полека почна да станува традиција емитувањето на филм за деца, секоја сабота напладне во единственото прилепско кино Мис Стон кое работи во рамки на Центарот за култура „Марко Цепенков“

Утре (14 декември) од 12. часот, ќе биде прикажан филмот за деца „Божиќна магија на животните“ кој е наменет за цела публика, а особено се препорачува за деца на возраст од 3 до 7  години.

Волшебни приказни се расплетуваат во „Божикната магија на животните“, каде празничните чуда оживуваат. Нурнете во овие прекрасни и модерни сказни во кои животните тргнуваат на магични патувања од Франција до Јапонија, до Далечниот север и неговата поларна светлина, ширејќи радост и великодушност. Секоја приказна е чудна и шармантна авантура зачинета со хумор и убавина специфична за зимската сезона. Дозволете поезијата да ви го плени срцето и да ве пренесе во свет каде божиќната магија нема граници.

„Божикната магија на животните“ премиера имаше на најпрестижниот фестивал за анимиран филм во светот, „Анеси” во Франција.
Влезници на билетарницата можат да се купат  од киното денес до 12 часот или еден час пред почеток на проекцијата.

Би можело да ве интересира

Feniks Food House, куќа за храна – спој на младост и љубов кон татковината

Пела Редакција

Повеќе улици во Прилеп и две села ќе останат без напојување со електрична енергија

Без водоснабдување повеќе улици во Прилеп

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе