10.1 C
Прилеп
сабота, 29 март, 2025
Пела Радио

ВО ОПШТИНА ДОЛНЕНИ ЌЕ СЕ ИЗВЕДУВА ДЕЗИНСЕКЦИЈА ПРОТИВ КОМАРЦИ

Им се соопштува на граѓаните на Општина Долнени дека на ден 6ти јули 2023 година (четврток), во периодот од 22:00 и наредниот ден до 05:00 часот, на територијата на Долнени, екипа од Центарот за јавно здравје – Прилеп ќе спроведува  теристичка (од земја) дезинсекција со цел уништување на комарци.

Дезинсекција ќе се изведува со УЛВ апаратура за ладно замаглување поставена на пикап возило со претходница на друго возило означено со ротационо светло. Со дезинсекцијата бидат опфатени сите населени места во Општина Долнени.

Со цел избегнување на евентуални несакани последици се информираат пчеларите да превземат превентивни мерки за заштита на пчелните семејства. Во случај на појава на неповолни временски услови (ветар,дожд) дезинсекцијата се одложува за следниот поволен ден.
Доколку граѓаните не се придржуваат на горенаведените превентивни мерки ЦЈЗ- Прилеп и Општина Долнени се оградува од секаква одговорност од појава на несакани последици.

 

Би можело да ве интересира

Како под вршник- Прилеп попладнево 44 степени под сенка

Земјоделците излегуваат на протести!!!

Гордана Цветаноска

Пронајдена граната во прилепско од Првата светска војна

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе