8.7 C
Прилеп
вторник, 1 април, 2025
Пела Радио

Четворица прилепчани уапсени поради продавање девизи без дозвола

Четворица повозрасни прилепчани се уапсени поради продавање девизи без никакви дозволи или регистрирана дејност.

Како што соопштуваат од МВР, нивни службеници заедно со инспектори од Државниот девизен инспекторат, извршиле контрола на подрачјето на град Прилеп, со цел откривање на кривични дела од Законот за девизното работење.

– При контролата биле затекнати 4 лица кои неовластено вршеле размена на странски и домашни валути со други лица.

Притоа, М.Т.(61), Ј.К.(65), С.Ѓ.(53) и В.М.(67), сите од Прилеп, биле лишени од слобода, поради сомнение за извршено кривично дело „неовластено продавање или купување готовински странски и платежни средства и чекови“ и кај нив се пронајдени и привремено одземени вкупно околу 1.545.097 денари во различни валути – се наведува во соопштението на МВР.

Од таму додаваат дека по целосно документирање на случајот против лицата ќе биде поднесена соодветна пријава до ОЈО Прилеп.

Би можело да ве интересира

Жена пешак тешко повредена од удар на автомобил во Прилеп

ПОВТОРНО ПРИЛЕПЧАНЕЦ ВОЗЕЛ СО РЕКОРДНИ ПРОМИЛИ АЛКОХОЛ ВО КРВТА

Пела Редакција

Казна за 25 прилепчани поради непочитување на полицискиот час

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе