1.4 C
Прилеп
сабота, 16 ноември, 2024
Пела Радио

Започна реконструкцијата на ул. Леце Котески, но пројави реакција кај бизнисмените кои имаат свои објекти

Почна реконструкцијата на улицата „Леце Котески“, на излезот од Прилеп кон Крушево. Активностите започнаа пред фабриката„ Витаминка“и ќе се одвиваат до некогшната фабрика „Димче Бањаро“.  Со  инвестицијата, покрај рехабилитација на основниот коловоз со широчина од 6,5 м, предвидено е да се изгради пешачка и велосипедска патека (широчина 3 м) во должина од 2,134 километри.  Предвидено е поставување 72 сливници за прибирање на атмосферската вода. Според планот, реконструкцијата треба да заврши за 10 месеци. Инвестиција е преку 48 милиони денари, средства обезбедени од буџетот на Министерството за транспорт и врски, преку Светска банка, а изведувач е Градба Промет ДОО Кавадарци.

Но, со самото започнување на активностите, веднаш се појавија реакции на бизнис секторот, чии објекти се наоѓаат на самиот пат.  Допис до нашата редакција,  ни  испрати еден од сопствениците, кој не информира дека по покана на маил, деновиве биле повикани во општинската сала да чујат со која динамика ќе се одвива проектот, а тие крајно заинтересирани за тоа, оти им зависи бизнисот, отишле на средба очекувајќи ги изведувачите .

„ Во поканата на маил стои дека ќе бидат преставници од изведувачот на проекот, преставник од Министерство за транспорт и врски за проектот „реконструкција на ул. Леце Котески „ преставници од општина Прилеп, со цел да не’ информираат за тоа како ќе се одвиваат градежните активности и по која динамика. Но, наместо информации „до кога сето ова ќе се одвива, бидејќи влијае врз функционалноста на нашите бизниси и безбедност во сообраќајот„  добивме предавање од консултанска куќа за екологија, која ни соопшти дека ќе се почитува  „документот за унапредување со животна средина и социјалните аспекти„. Предавачите зборуваа како Светска банка, која е финансиер на проектот, бара да има таков третман за заштита на животанта средина. Пренесоа безброј правила за заштита на почвата, водата, воздухот, дека ќе прскаат со технолошка вода да немало прашина, да немало бучава, дека ќе го рециклирале отпадот итн, но никако не кажаа како ние безбедно и функционално ќе го обавуваме нашот бизнис, како шлеперите да стигнат до нашите компании и обратно, што е направено да не’ ги „кршиме“ автомобилите додека патот се гради,  кој ќе не’ обештети?! Посочија дека ќе има сандаче за поплаки, ќе има образец за жалби и поплаки на сајтот на Министерството за транспорт и врски и на Општина Прилеп , но и тоа го нема на сајтовите .„-  ни пишува еден од бизнисмените кои има развиен бизнис во тој дел од градот.

 

На оваа регираа возачи и преку видео ја пренесоа сликата од оваа делница, како учесници во сообраќајот:

 

Би можело да ве интересира

Пиво Фест 2022 : Забава за сите генерации – Љубојна ги разигра посетителите (ВИДЕО + ФОТО )

Никола Димески

Најрадосната – Бадниковата поворка го најави Раѓањето Христово Божик (ВИДЕО-ФОТО)

Пела Редакција

Училиштната лабораторија во СОУ „Ѓорче Петров“ доби лабораториска опрема од Витаминка

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе