30.6 C
Прилеп
вторник, 14 јули, 2026
Пела Радио

Фатени малолетници кои пиеле алкохол и 34 кои после полноќ биле во кафетерии

На подрачјето на Прилеп,  во периодот од 00.00 до 04.00 часот од страна на криминалистичката полиција на СВР Битола во содејство со полициски службеници од ОВР Прилеп спроведена е акциска контрола во угостителски и други објекти за присуство на малолетници во нив, контрола на точење и продавање на алкохол на деца во угостителски и продажни објекти, како и прекршувања на јавниот ред и мир, со цел подобрување на јавната безбедност на подрачјето.
За време на контролата во два угостителски објекти во Прилеп затекнати се 34 малолетници, а кај 11 малолетни лица било констатирано дека се под дејство на алкохол. За сите констатирани неправилности ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Би можело да ве интересира

Прилепчанец приведен од полицијата-бил пијан и со забрана за возење

Полицискиот билтен исполнет со физички напади низ прилепските улици

Полицијата приведе тројца прилепчани

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе