8.7 C
Прилеп
вторник, 1 април, 2025
Пела Радио

Полицијата предупредува: Да се внимава кому му се даваат личните податоци. Зачестени пријави од граѓани кои се измамени !

Апел до граѓаните упатуваат од СВР Битола.

“Поради зачестени пријави од граѓани кои се измамени со злоупотреба на личнитеподатоци пристигнати во СВР Битола, во врска со подигнување на брзи кредити во име на трето лице за кои оштетените не се запознаени, апелираме до граѓаните да бидат исклучително внимателни со кого ги споделуваат или каде ги изложуваат на увид личните карти, патните исправи, трансакциски сметки или здравствени легитимации.“
Исто така, СВР Битола предупредува, посебно помладите, да бидат особено внимателни при посредување за работа надвор од државата. Со цел спречување на измами, особено да бидат внимателни при аплицирање и склучување на договор за работа во странство и да ја проверат агенцијата/компанијата која им ги нуди услугите за посредување и сите сомнителни случаи соодветно да ги пријават.

Би можело да ве интересира

Прилепчанец напишал недоличен коментар на фејсбук и добил кривична пријава

Пела Редакција

Втора, овој пат, лажна бомба, во истото кафуле во Прилеп

Полицијата синоќа лиши од слобода две лица кај кои е пронајдена марихуана

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе