16 C
Прилеп
четврток, 4 јуни, 2026
Пела Радио

Само за 6 часа изречени 80 санкции за брзо возење на територија на СВР Битола

Вчера попладене, само за 6 часа  беа изречени   81 санкции за брзо возење на територија на СВР Битола
 Вчера  (20.07.2023) во периодот од 12.00 до 18.00 часот на територијата на СВР Битола спроведена e засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, при што санкционирани се 81 возачи . Од вкупно 81 возачи ,59 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 22 надвор од населено место. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци.
Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта,информираат од СВР Битола

Би можело да ве интересира

Апсење во прилепската болница за можни финансиски злоупотреби

Полицијата привела малолетници, ги промениле скретниците за движење на возовите

Чеси „заработија“ кривична пријава, на „диво“ копале во Мариово

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе