30.6 C
Прилеп
вторник, 14 јули, 2026
Пела Радио

Апсење во прилепската болница за можни финансиски злоупотреби

По наредба на Основното јавно обвинителство Прилеп, Управата за финансиска полиција започна постапка поврзана со наводи за злоупотреби во работата на прилепската болница.

Според неофицијални информации приведени се 27 лица поврзани со сомнежите за сторен криминал во работењето на прилепската болница. Според првичните информации, истрагата опфаќа повеќе лица, вклучително  раководни лица, а се сомнева на злоупотреби со јавни набавки во вредност од околу 800.000 евра. Според неофицијалните информации, истрагата е насочена кон сомневања за злоупотреби при спроведување на тендери и други финансиски неправилности во работењето на болницата, а под лупа се над 30 лица.

Од Обвинителството информираат дека дејствијата се во тек, а повеќе детали ќе бидат објавени утре.

Се очекува дека активностите ќе ги вклучуваат преглед на документација и други мерки кои ќе помогнат да се утврди евентуалната одговорност на лицата поврзани со овие наводи.

Би можело да ве интересира

Градска библиотека издаде библиографија за Коле Чашуле

На програмата на МТФ „Војдан Чернодрински“денеска,вторник, три претстави

УХМР: Викендов обилен дожд и ветер

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе