Вчера биле санкционирани 40 возачи на мотоцикли на подрачје на СВР Битола ,а исклучени 8 мотоциклисти од сообраќај.
Во текот на вчерашниот ден ( 25.07.2023) во периодот од 17.00 до 23.00 часот спроведена е акциска контрола на територијата на СВР Битола за санкционирање на прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли, при што санкционирани се 40 возачи. Од нив, 30 возачи не користеле заштитна кацига за време на возење, 8 возеле без возачка дозвола, 1 мопед бил со измината важност на осигурителна полиса….. За време на контролата санкционирани се и други видови на сообраќајни прекршоци.
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, информираат од СВР Битола