11.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Во Прилеп одбележан Денот на сеќавањето на руските војници кои загинаа во Првата светска војна

Амбасадата на Руската Федерација денеска во Прилеп го одбележа 1 Август, Денот на сеќавањето на руските војници, кои загинаа во Првата светска војна. На Германските гробишта во Прилеп, на рускиот крст, во присуство на претставници од Советот на Општина Прилеп и од Македосно руското друштво Прилеп се одржа панихида и полагање на цвеќиња.

Сергеј Баздникин, амбасадор на Руската Федерација, посочи дека Русија цврсто ќе ги брани своите интереси и направи се’ што е потребно за сигурно да ги обезбеди суверенитет и безбедноста вклучително и на сојузниците и да ги заштити легитимните права на руските граѓани и сонародници.

-Ние сме многу благодарни на жителите на Прилеп, за нивниот внимателен однос кон споменикот на руските војници. Денешниот настан го сметаме за добар пример на заеднички напори за зачувување на заедничката меморија за нивниот славен подвиг. Отворени сме за соработка со други земји исклучиво врз основа на реципроцитет, со почитување на принципите на еднаквост… Нашите народи се врзани со вековни врски, пријателство и почитување, културна соработка. Тоа може да буде основа за обновување на врските кога за тоа ќе се појават услови – рече амбасадорот меѓу другото амбасадорот Баздникин.

На „Германските гробишта“ во Прилеп каде се наоѓа рускиот крст се погребани 10 руски војници кои загинале во Првата светска војна.

Би можело да ве интересира

Тутунскиот вишок мора да се пријавува на одредени договори

Гордана Цветаноска

(ВИДЕО) На 10 тиот ден од протестите се огласи претседателот на прилепското здружение на пензионери

ФК Победа под капата на Општина Прилеп

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе