25.6 C
Прилеп
среда, 24 јуни, 2026
Пела Радио

Проданоски: Нека е вечен Илинден, нека е вечна нашата татковина Република Македонија!

Дејан Проданоски, претседател на Советот на Општина Прилеп и претседател на ОК на ВМРО ДПМНЕ Прилеп упати порака по повод најголемиот национален празник Илинден во која се вели:

Прославувајќи го денешниот голем празник 2 Август, имаме извонредна можност да им изразиме благодарност и да им оддадеме почит на хероите кои поминале низ тешки премрежја во минатото, бранејќи ги идеалите на македонскиот народ. Токму во двата Илиндена, оној во 1903 и другиот во 1944 година, кои се поврзани со Илинденското востание и заседанието на АСНОМ, најдобро се пресликува вечната идеја за самостојна, независна и суверена Република Македонија.

Преку животот, делото и саможртвата на илинденците и на асномците се поставија цврстите темели врз кои се развива и опстојува нашата држава. Ако борбата на нашите предци беше борба за слободата, државноста и независноста, нашата борба е борба зачување на придобивките од минатото и градење современа, просперитетна и економски силна држава во која ќе сакаат да живеат сегашните и идните генерации. Македонија низ историјата опстојувала поради цврстата желба да се истрае низ сите бури и да се биде свој на своето. Ние Македонците отсекогаш сме ги почитувале различните од нас без да дозволиме некој да го негира нашето постоење и нашата посебност. На нас останува да го чуваме она што ни го оставија како аманет, великаните пред нас. Нека е вечно делото на двата Илиндена 1903 и 1944 година! Нека е вечна нашата татковина Република Македонија!

Би можело да ве интересира

При судир на товарно со патничко возило, три лица повредени

Пела Редакција

Општина Прилеп го одбележува Меѓународниот ден на Ромите

ОВР Прилеп: Пронајдена дрога на повеќе места, пријава за насилно однесување и исчезнато малолетно лице

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе