11.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Викендот во Крушево започнува фестивалот на отворено „Крушево низ корија“

Викендот што следува на 19 и 20 август, во Крушево ќе се одрижи по деветти пат фестивалот на отворено „Крушево низ корија“ кој во своите содржини ќе опфати : кампување на Мечкин камен со сите придружни содржини: планински велосипедизам, планинарска тура низ крушевската корија, тандем летови со параглајдер, дегустација на крушевски специјалитети подготвени од здружението Крушевска жена и голема журка во Крушевската корија низ која ќе не водат DJ SLAVE и ROOTBOY SELECTOR.
Фестивалот е во организација на Форумот за Авангардна Креативност (ФАК) од Прилеп во соработка со Општина Крушево.
Велосипедската тура ќе се вози на 20.08.2023г (недела) на три патеки :
Мала МТБ тура „Крушево низ корија„ Турата е со должина од 15км и елевација од околу 300 метри…. категоризирана е како лесна тура за лица со нормална физичка подготвеност препорачлива за секој рекреативец.
Средна МТБ тура „Крушево низ корија“ Турата е со должина од 30 км и елевација од 700 метри… категоризирана како средно
тешка тура 7/10 за лица со просечна физичка подготвеност.
Голема МТБ тура „Крушево низ корија“
Турата е со должина од 40 км и елевација 1000 метри категоризирана како тешка тура.

Би можело да ве интересира

Полицаец спаси жена од водите на Крушевско езеро

Пела Редакција

Првпат претстава на влашки во Крушево

Пела Редакција

Христоски: Илинден не само што е голем празник, туку е наша одговорност да го одбележуваме, славиме и чуваме!

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе