21.5 C
Прилеп
среда, 16 октомври, 2024
Пела Радио

При семејна веселба во с.Дебреште лице било застрелано во стапалото

Во текот на вчерашниот ден во 17.59 часот во ОВР Прилеп, од Општа болница Прилеп било пријавено дека кај нив со повреди бил донесен Ш.Ф.(54) од с.Дебреште, прилепско.

Полициски службеници извршиле службен разговор со лицето, при што било констатирано дека околу 17.30 часот во с.Дебреште, при семејна веселба, Ш.Ф. од огнено оружје испукал неколку куршуми во воздух.

Потоа додека се превезувал со патничко моторно возило „фолксваген голф“ со прилепски регистарски ознаки испукал еден куршум во неговото десно стапало.

Увид на местото бил извршен од екипа од ОВР Прилеп и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Би можело да ве интересира

Двајца прилепчани приведени за силување и овозможување на злосторството

Гордана Цветаноска

Дрога пронајдена кај затвореник во КПУ Прилеп

Едно лице загина – во прекин сообраќајот на регионалниот пат Прилеп – Ресен поради сообраќајка

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе