5.4 C
Прилеп
петок, 15 ноември, 2024
Пела Радио

Викендов Прилеп организира летен „Prilep OUTLET Weekend“

Во организација на  Прилепската чаршија и Општина Прилеп, овој викенд ,  25ти и 26ти август,  (петок и сабота), Прилеп организира Летeн и By Night  „Prilep OUTLET Weekend“.  Околу 200 трговците и угосителите, кои, масовно се вклучија во настанот, ќе понудат попусти до 50% , а прилепската  чаршијата, викендов, ќе работи до 22 часот,  па купувачите од регионот: Битола, Крушево, Долнени  Кривогаштани, Новаци, Могила, Ресен, Кичево, Македонски Брод, Кавадарци, но и пошироко од Македонија, ќе можат да пазарат и во пријатните вечерни часови.

За ноќните шопинг љубители, прилепските трговци и угостители ќе понудат и нови изненадувања.

Убавината на Прилеп – ноќе

„Без разлика дали сте локален жител или посетител, овој настан е вашата златна можност да го истражите и богатото наследство на Прилеп додека уживате во непобедливи зделки до 50% попуст. Потопете се во историскиот шарм на Прилепската стара чаршија додека ги истражувате нејзините автентични улици преполни со продавници од кои некои се стари со векови. Овој настан комбинира шопинг со културно патување„  велат организаторите.

 

 

Настанот е замислен како голем „шопинг мол“ во целиот град, а муштериите посетувајќи ги трговските дуќани во Прилеп, да уживаат во шопинг забавата, добрата услуга, љубезноста и гостопримството на прилепската чаршија, надалеку позната по својата ексклузивност, квалитет и трговски шарм.

 

„ На „Prilep OUTLET Weekend“, производи ќе има за сите муштерии,  а чаршијата под Марковите кули ќе ги отвори вратите за сите купувачи од Регионот и Македонија, од 08:00 до 22:00 часот. Купувањето ќе создаде незаборавно искуство кај сите  купувачи, од 7 до 77 години, затоа сите шопинг љубители се добредојдени. А, „Prilep OUTLET Weekend“ покрај попустите во трговските дуќани ќе понуди и интересни содржини и пакет-услуги и во кафетериите и  кафулињата, кои што ќе претставуваат посебно уживање за сите оние кои на 25ти и 26ти ќе дојдат на шопинг во Прилеп.„ додаваат од прилепската чаршија

„Prilep OUTLET Weekend“ се организира по втор пат, во организација на Прилепската чаршија со поддшка на Општина Прилеп и, е одлична можност за раздвижување на локалната економија во градот под Марковите кули, кој отсекогаш важел за гостопримлив и убав град.

Сите случувања од настанот,  љубителите на шопингот и посетителите на „Prilep OUTLET Weekend“ ,можат да ги проследата на  фејсбук  фан  страна :  https://www.facebook.com/profile.php?id=100089628293137 

Би можело да ве интересира

ОК ВМРО ДПМНЕ Прилеп: со ваква централна власт, Европската унија е недостижна цел!

Пела Редакција

Прилеп го прослави патрониот празник Св Никола – нови домаќини “Теракота“

Елизабета Филипоска

Вештачката интелегенција во служба на екологијата – Меѓународна работилница во Прилеп

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе