16.2 C
Прилеп
петок, 12 јуни, 2026
Пела Радио

(ВИДЕО)Форум „ЕкономиУМ“ – економската струка како двигател на општеството

Во СОЕПТУ „Кузман Јосифоски Питу“ Прилеп – Економското училиште за прв пат се одржа Меѓународен средношколски форум „ЕкономиУм“ на кој учествуваа претставници од економски училишта од Македонија, од две училишта од Република Србија, од Сомбор и од Ниш, од Економскиот факултет, од компании со кои во практичната настава соработува училиштето, поранешни ученици, претставници од Советот на родители, ученици. Манифестација се одржа под покровителство на Општина Прилеп и градоначалникот Дејан Проданоски.

Форумот на тема „Инвестираме во човечкиот капитал – вештините како најсилна валута на нашите ученици“ има за цел да ја потенцира важноста од образовните профили од економскиот сектор, наставната и практичната програма и поврзувањето со реалниот бизнис сектор.

„Сметаме дека е време да покажеме дека економската струка како струка која не значи само седење во канцеларија и работење административна работа, туку како струка која што претставува двигател во општеството, и која што е единствена струка која што вложува во вештините на самите ученици и со тоа излегуваме спремни на пазарот на трудот во државата и надвор од неа,“рече Христина Бозоска Николоска, директор на СОЕПТУ „Кузман Јосифоски Питу“ Прилеп.

Целта на овој настан е во иднина манифестацијата да прерасне во традиционален собир на економските училишта од Македонија на кој што ќе бидат споделени искуствата. Широк е спектарот на средношколските образовни профили во Прилеп посочи градоначалникот Дејан Проданоски во неговото обраќање, а економските образовни профили се од големо значење за развојот на заедницата.

„Барањата на стопанството до неодамна не се согласуваа со производството на кадри. Во моментов во локалната самоуправа со општиот сектор и администрацијата размислуваме како образовните кадри кои што ги произведува средното образование да ги доближува до барањата на стопанството да бидат поподготвени за процесите на работа,“ рече градоначалникот Проданоски.

 

 

Би можело да ве интересира

Младите дами се повеќе посегнуваат по чашка алкохол – 40 години клуб на лекувани алкохоличари „Методија Николоски-Мец“

Ковачевски: За финасирање на медиумите се бара одржливо и долгорочно законско решение за што е потребен консензус

(Видео)Јовчески даде отчет за сработеното пред граѓаните на Прилеп: Го намаливме долгот од 5 милиони евра, вложивме 50 милиони денари во образованието… ,

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе