24.8 C
Прилеп
среда, 24 јуни, 2026
Пела Радио

При семејна веселба во с.Дебреште лице било застрелано во стапалото

Во текот на вчерашниот ден во 17.59 часот во ОВР Прилеп, од Општа болница Прилеп било пријавено дека кај нив со повреди бил донесен Ш.Ф.(54) од с.Дебреште, прилепско.

Полициски службеници извршиле службен разговор со лицето, при што било констатирано дека околу 17.30 часот во с.Дебреште, при семејна веселба, Ш.Ф. од огнено оружје испукал неколку куршуми во воздух.

Потоа додека се превезувал со патничко моторно возило „фолксваген голф“ со прилепски регистарски ознаки испукал еден куршум во неговото десно стапало.

Увид на местото бил извршен од екипа од ОВР Прилеп и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Би можело да ве интересира

Двајца прилепчани преку ѕидот на затворот фрлале кокаин

Пела Редакција

Приведени 16 лица за дрвокрадство. Пустошеле по прилепските планини (Видео од акцијата)

Кражба во простории од Уредот – истиот ден кражба и во продавница

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе